
Второто купско дерби сепак не донесе никакви изненадувања. Валенсија на време го завери својот билет за полуфиналето најмногу благодарејќи на одличната игра на Пиати и младиот Бернат. Во овој дуел сè веќе беше решено на Местаља, а Леванте дури и не успеа да слави на домашен терен против својот вечен ривал.
Хуан Игнасио и Емери го искористија натпреварот за да пробат некои нешта во тимот. Во екипата на Валенсија, Баскиецот им даде шанса на неколку играчи кои обично не се наоѓаат во почетниот состав, а некои од нив одлично ја искористија таа шанса.

Тоа беше случајот со Хуан Бернат. Младиот фудбалер од резервната екипа на Валенсија од најголемо изненадување во претсезоната, исчезна по само еден настап во домашното првенство и тоа во првото коло против Расинг Сантандер на Местаља. Бернат не разочара и вчера кога асистираше во првите два гола и направи доста нешта со кои докажа дека има место во првата екипа. Дури можеше и да постигне гол на крајот од првото полувреме по нафрлената топка од бараган, кога ја погоди пречката на противничкиот гол.
Друг кој ја искористи својата шанса беше Пабло Пиати. Аргентинецот вчера погоди уште два пати, со што го зголеми бројот на 3 постигнати голови против Леванте во овој двобој. Нему можеби повеќе му требаше да се адаптира на новата средина, но токму вчера Пиати покажа зошто беше донесен од страна на Браулио во Валенсија. Оној кој повторно испушти шанса да се докаже и кој беше незабележителен на теренот, беше Дани Парехо.
Полуфинале четири години подоцна
Екипата на Валенсија после четири години успева да се пласира во полуфинале од едно натпреварување, и тоа во истото како и последниот пат, Копа дел Реј и тоа против истиот противник Барселона. Тогаш во 2008 година, Валенсија успеа да ја освои титулата во купот, а сега својата шанса да стигне до финале ќе ја има и Унаи Емери.

Технички податоци:
Реванш дуел, 1/4 финале, Копа дел Реј 2011-12
Levante UD 0: Munúa, Pallardó, Serrano, Rafa Jordà, Iborra (X. Torres, min. 70), Botelho (Higón, min. 64), Del Horno, Ballesteros, Rubén (Roger, min. 70), Cabral и Iván.
Valencia CF 3: Alves, Albelda, Aduriz, Barragán, Piatti, J. Alba (Bruno, min 70), Víctor Ruiz (Feghouli, 78), R. Costa, Dani Parejo, Tino Costa (Ever, min. 64) и Bernat.
Голови:
0-1 Min. 25 Aduriz
0-2 Min. 29 Piatti.
0-3 Min. 85 Piatii.
Судија: Iglesias Villanueva (Галиција)
Жолти картони:
Del Horno, Botelho, Serrano, Ballesteros и Xavi Torres (Лев)
Ever (Вал):
Црвен картон:
Serrano (min. 71) поради два жолти картони (Лев).
Стадион: Ciutat de València (12.000 гледачи).



























последни коментари