Archive for март, 2010

Патот кон Хамбург започнува од Местаља

Детална анализа на овие две екипи пред дуелот на Местаља

Претходни среќавања

-Ова е првпат како овие две екипи се среќаваат во натпреварување од УЕФА, но сепак премногу добро се познаваат. Досега одиграле 140 средби во Шпанската лига, во која Валенсија досега е подобра со резултат: 53 победи, 36 ремија и 51 пораз.

-Првпат овие две екипи се сретнале на 20ти јануари 1935 година на стадионот Метрополитано во Мадрид, натпревар кој завршил со победа од 5-2 за Атлетико. Реваншниот дуел го добила Валенсија со 2-0 на Местаља.

-Најмногу голови се постигнати на 4ти декември 1949 кога Валенсија победила со резултат 6-0.

-Во 68те натпревари одиграни на Местаља, Валенсија има баланс од 37 победи, 15 ремија и 16 порази.

-Во последниот двобој меѓу овие две екипи, Валенсија победила поради головите на гости во 1/4 финалето од Копа дел Реј во сезоната 2007/08. На Местаља лилјаците победиле 1-0, а загубиле на Калдерон 3-2.

-Ова сезона во Ла Лига, одиграа нерешено на Местаља 2-2 на 20ти септември. Во вториот натпревар, одигран на 8 февруари, Атлетико победи со 4-1.

-Во десет реваншни дуели во Копа дел Реј, Атлетико победил 7 пати, додека Валенсија 3 пати. Во 1999 година Валенсија го победи Атлетико во финалето од купот со 3-0, а загуби во 1972 со резултат 2-1 за Мадриѓаните.

Ретроспектива на натпреварот

-40 биле вкупно натпреварите помеѓу две Шпански екипи во натпреварувањата од УЕФА. Во 9 дуели била Валенсија, во 7 – Атлетико.

-Валенсија има добар баланс против Шпанските екипи во европските натпреварувања, од кои добила 4 вклучувајки ја и победата над Барселона во полуфиналето на Лигата на Шампионите во сезоната 1999/2000.

-Траекторијата на Валенсија на домашен терен во четирите натпревари против Шпански екипи во УЕФА е четири победи. Од друга страна пак Атлетико во четирите средби на гости против клубови од Ла Лига во УЕФА загубил четири пати.

-Валенсија не знае за пораз на Местаља во последните 11 натпревари во Европските натпреварувања. Последниот пораз датира од 6 ноември 2007 год. кога Розенборг победи со 0-2 во фазите од групи во Лигата на Шампионите. Од тие 11 натпревари, Унаи Емери бил на кормилото на Лос Че на 10 од нив.

-Ова е првпат Атлетико да игра во 1/4 финале, по пресметката со АС Рома во Купот на УЕФА во 1998/99. Откако го победил Римскиот клуб се сретнал со Парма во полуфиналето. Валенсија последен пат играла во 1/4 финале против Челзи во Лигата на Шампионите 2006/07. Тогаш, тренер на Валенсија беше Кике Санчез Флорез – сегашниот тренер на Атлетико.

Занимливости

-Тренерот на Атлетико – Кике го поминал поголемиот дел од својата кариера како играч во Валенсија, која и ја водеше во периодот од 2005 до 2007 година.

-Рубен Бараха пристигна во Валенсија од Атлетико во 2000 година и успеа да стигне до финалето на Лигата на Шампионите во својата прва сезона, иако неговата екипа загуби на пенали од Баерн Минхен.

-Играчот од средниот ред на Валенсија Евер Банега, ја помина претходната сезона како позајмен играч во Атлетико. Пред тоа дојде на Местаља од Бока Јуниорс во јануари 2008.

-Крилото на Атлетико Португалецот Симао и неговиот интернационален соиграч Мигел, бек на Валенсија, играле заедно во Бенфика помеѓу 2002 и 2005, кога го освоиле Купот во Португалија во 2003/04 како и лигата следната сезона. Исто така и играчот од средниот ред на Валенсија Мануел Фернандез играл во Бенфика каде освоил неколку титули.

-Голманот на Валенсија Сезар Санчез и играчот од средниот ред на Атлетико Хурадо играле заедно во Реал Мадрид помеѓу 2002 и 2005. Кике Флорез бил тренер на младиот тим на Мадрид во сезоната 2002/03.

-Хурадо исто играл во Мајорка со голманот на Валенсија Моја во сезоната 2008/09.

-Одбранбениот играч на Атлетико Хуанито и крилото на Валенсија Хоакин биле играчи на Реал Бетис помеѓу 1999 и 2006 кога го освоиле Копа дел Реј во 2004/05.

-Напаѓачот на Атлетико Рејес и одбранбениот играч Карлос Марчена биле соиграчи во Севиља во сезоната 1999/00, кога Рејес и дебитирал во првиот тим.

-Статистиката вели дека Валенсија е најопасна во првите минути од натпреварот. Девет од вкупните 20 голови биле постигнати во првите 15 минути од почетокот на двете полувремиња, четири помеѓу 1та и 15та минута и пет помеѓу 46та и 60та минута.

-Хуан Мата е единствениот играч кој ги одиграл сите 10 натпревари од почетокот на фазата по групи. Тој и Давид Виља се најдобри стрелци во клубот, со по пет постигнати голови.

-Четири од екипите во 1/4 финалето доаѓаат од групите од Лигата на Европа: Бенфика, Фулам, Хамбургер и Валенсија. Другите четири доаѓаат од групите од Лигата н Шампионите: Атлетико, Стандард Лиеж, Волфсбург и Ливерпул.

-Ждрепката одлучи дуелите да бидат со по една екипа од двете натпреварувања.

Која е причината за повредите во клубот?

Премногу повредени играчи во тимот го мачат Унаи Емери во составувањето на тимот. Некој мора да ја сноси кривицата. Да се обвинува распоредот на натпреварите – не држи вода. Откога започна сезоната единствено во месец ноември немало повреди на мускулите на играчите. Во март пак во болницата на Валенсија се приклучија дури пет играчи.

Докторот на клубот вели дека играчите играат многу натпревари. Тренерот пак одговара дека и оние, кои подолго време одмараат, исто така се повредуваат. Во едно сите се согласни: мора да се преземат мерки, за да нема толку повреди во иднина.

Играчи кои претрпеле мускулни повреди во тимот:

Октомври – Виља, Хоакин и Марчена

Декември – Пабло Ернандез

Јануари – Дел Орно и Хоакин

Февруари – Наваро и Албелда

Март – Алексис, Наваро, Мигел, Албелда и Марчена

Емери признава дека е одговорен за случувањата во клубот

Тежок пораз

„Никакво оправдување. Не бараме оправдувања, туку решенија и денес стана јасно, дека играчите настапија со голема неодговорност и јас како тренер морам да преземам некои мерки бидејки чашата е преполна и ова не може да биде така. Денес најмногу загубивме поради играњето со играч помалку. Жигич не е крив,  туку јас самиот, бидејки не знаев да постапам во ситуација во која знаевме што ни следува. Јас сум најодговорен за исклучувањата, но ќе преземеме мерки. Веќе нема да гледаме натпревари во кои тимот не може да остане мирен и да биде неодговорен.“ – изјави стратегот

Пенал над Пабло

„Не знам зошто судијата свиреше пенал, а подоцна вели дека нема такво нешто. На многу натпревари досега гледавме чудни одлуки на судиите. Отсега јас лично ќе преземам мерки за да не се дозволат ваквите ситуации да протестираме поради глупости.“

Лоша игра со десетмина на терен

„Тимот веќе го имаше изедначувањето при една шанса на Хоакин кога бевме со играч помалку. Вистина е дека Сарагоса притискаше да стигне до вториот погодок и кога го постигнаа, веќе не победија. Со единаесетмина бевме подобри и супериорни, но по примениот гол и исклучувањето сè се промени.

Прекумерна самодоверба?

„Нема такво нешто, ние секогаш мораме да играме на уште повисоко ниво и не смееме да загубиме вакви натпревари. Нема никаво оправдување, направивме сè лошо и мораме од тоа да учиме и да преземаме мерки. Губиме натпревари поради останување со играч помалку и тоа не може да се случува и понатаму. “

Исклучувањето на Жигич

„Никола Жигич имаше толку голема желба за игра поради која и погреши. Затоа велам дека кривицата е во мене, бидејки не му реков да игра посмирено. Ме боли поразот и исклучувањето“ – заврши Емери.

Марио Кемпес – Валенсија ќе ја освои Лигата на Европа

Екс играчот на Валенсија, Марио Кемпес изјави дека Валенсија е фаворит во двомечот против Атлетико Мадрид во Лигата на Европа и дека Давид Виља не е негов „наследник“ бидејки веќе го надминал.

Според Кемпес, Валенсија е одличен тим, добро структуиран и кој има одлични играчи, кои се адаптирале на она што тренерот го посакува за да може да се бори на двата важни фронта.

„Во моментот Валенсија е идеален кандидат за освојување на Лигата на Европа. За разлика од Шпанската Лига каде тоа би било потешко за Валенсија во моментот, во реваншните дуели сè се менува.“

Во врска со Атлетико Мадрид истакна дека на моменти тимот не е компактен како што може да биде, со оглед на нивниот капацитет. Според Кемпес опасноста доаѓа од напаѓачите на Атлетико, пред сè од Кун Агуеро, иако инсистираше дека Валенсија има сè во своите раце за да продолжи понатаму.

За Давид Виља рече дека е неверојатен напаѓач и немилосрден стрелец со технички и физички квалитети кои го прават еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Казна за Валенсија во Арагон (3-0)

Тежок пораз претрпе екипата на Валенсија, вечерва на Ла Ромареда на гостувањето кај домашната Сарагоса. По лошиот почеток на играчите на Емери, и исклучувањето на Никола Жигич, гостите од Местаља не можеа да се спротивстават на желната за победа Сарагоса која се бори за опстанок во Ла Лига.

Унаи Емери за овој натпревар реши да ги одмара Силва и Бараха за Лигата на Европа, и го постави Никола Жигич во нападот како замена за Давид Виља. Србинот не ја искористи својата шанса туку ја пропушти откако не успеа да постигне гол за водство на Валенсија, а подоцна пред крајот на првиот дел заработи и втор жолт картон поради кој мораше да ја напушти играта.

До крајот играчите на Емери не покажаа пред сè, желба за надигрување и поради тоа дојде и поразот на Ла Ромареда после 10 години.

Технички податоци:

3- ZARAGOZA: Roberto, Diogo, Jarosick, Contini, Paredes, Gabi (Abel Aguilar, min.87), Edmilson, Arizmendi, Eliseu (Colunga, min.80), Ander Herrera (Pennant, min.75) и Suazo.

0- VALENCIA CF: César, Bruno, Dealbert, Maduro, Alexis, Ever (Baraja, min.85), Fernandes, Pablo, Mata (Domínguez, min. 69), Joaquín (Vicente, min.80) и Zigic.

Голови:
1-0: Diogo (min.40).
2-0: Arizmendi (min.62).
3-0: Jarosik (min.71).

Судија: Paradas Romero (Андалузија)

Жолти картони:
Diogo, Contini, Paredes и Edmilson, (Сар),
Mata, Fernandes и Alexis, (Вал).

Црвен картон: Zigic (Вал) (min. 46).

Стадион: La Romareda (25.000 гледачи).

Без Виља на Ромареда против Сарагоса

По поразот на Камп Ноу, екипата на Валенсија прикажува одлични резултати како ремито 4-4 против Вердер во Бремен со кое Валенсија се пласира во 1/4 финалето од Лигата на Европа, и победите против Алмерија од 2-0 и Малага 1-0 на Местаља.

Сепак натпреварот на Ромареда нема да биде едноставен за играчите на Емери, кој повторно има проблеми со составувањето на одбраната поради многубројните повреди. Давид Виља, Давид Албелда, Карлос Марчена, Мигел Брито, Давид Наваро, Жорди Алба и Џереми Матје поради повреди не влегоа во листата на повикани играчи за утрешниот натпревар.

Добрата вест е што во тимот се враќаат Алехандро Домингез и Бруно Салтор кои се опоравија од повредите. Исто така со тимот повторно патуваат младите играчи Љиљо и Мичел кои имаа можност да настапат за првиот состав годинава.

Листата на повикани играчи:

Голмани: César и Moyà.
Одбрана: Bruno, Lillo, Alexis, Maduro, Dealbert.
Среден ред: Fernandes, Baraja, Pablo, Joaquín, Míchel, Éver Banega, Vicente, Mata.
Напад: Domínguez, Silva и Zigic.

Давид Виља ја помина ноќта во болница

Стрелецот на единствениот и победоносен погодок за Валенсија во синоќешниот натпревар на Местаља против Малага, Давид Виља, ноќта ја помина во болница.

Тешкиот удар во главата на шпанскиот репрезентативец доведе до тоа да Виља мора да ја помине ноќта во клиника каде што се испитувале можните повреди.

Виља заработи повреда за време на синоќешниот натпревар од Примера лига против Малага на Местаља кој што тимот од Валенсија го доби со 1-0.

Денес Давид беше отпишан од болницата но ќе мора да продолжи со домашна нега и опоравување од три до четири дена со што автоматски тој се отпишува од гостувањето на Лос Че кај Сарагоса во сабота.

Чори Домингез и Бруно се враќаат против Сарагоса

На денешниот тренинг на екипата на Валенсија, добрата вест беше враќањето на Чори Домингез и Бруно Салтор кои го комплетираа тренингот и ќе бидат спремни за настап на саботниот дуел на Ла Ромареда против Сарагоса.

Исто така на теренот се појавија и Марчена и Албелда, кои се во процес на заздравување од повредите.

Моментална табела во Ла Лига

Next Page »


Welcome

Следен натпревар

Лига на шампиони

Избрана слика

Позитивна атмосфера на тренинзите на Валенсија

Избрано видео

YouTube Preview Image

Децата си играат во Словенија

Musica Valenciana

Валенсија ФК

La Liga Winners: 1941-42, 1943-44, 1946-47, 1970-71, 2001-02, 2003-04

Copa del Rey Winners: 1940-41, 1948-49, 1953-54, 1966-67, 1978-79, 1998-99, 2007-08 Supercopa de España Winners: 1949, 1999 Fairs Cup/UEFA Cup Winners: 1961-62, 1962-63, 2003-04 UEFA Cup Winners' Cup Winners: 1979-80 UEFA Champions League Runners-up: 1999-00, 2000-01 UEFA Intertoto Cup Winners: 1998

La Liga
Winners:
1941-42, 1943-44, 1946-47,
1970-71, 2001-02, 2003-04

Посетители

Links